Украинската државна компанија „Нафтогас“ соопшти дека добила 2,9 милијарди долари од рускиот „Газпром“ за решавање на правната борба, што е дел од поголема зделка која двете компании ја постигнаа претходно овој месец.
„Нафтогас“ и „Газпром“ на 21 декември соопштија дека постигнале договор за петгодишен договор кој ќе започне од 1 јануари за испорака на рускиот гас во Европа низ украинските цевководи.
Како дел од договорот, „Газпром“ се согласи да му плати на „Нафтогас“ 2,9 милијарди долари, пари кои на компанијата со одлуката за арбитража во Стокхолм. За возврат, „Нафтогас“ се согласи да отфрли друга тужба која ја поднесе претходно оваа година во Стокхолм, барајќи од „Газпром“ компензација од скоро 12 милијарди долари.
„Нафтогас“ на Твитер потврди дека добиле 2,6 милијарди долари надоместок од „Газпром.“
Договорот постигнат на само неколку дена од истекувањето на постојниот договор, ги отстрани стравувањата од можен нов прекин на испораката на гас на почетокот на новата година, откако Русија два пати го запре гасот за Украина поради споровите за цените.
Двете компании се очекува да потпишат петгодишен договор пред крајот на годината.