Претседателот на Собранието Талат Џафери смета дека нема никакви препреки сите процедури околу изборот на новата техничка влада да завршат на 3 јануари, од оставката на премиерот Зоран Заев, назначување на мандатар од претседателот Стево Пендаровски, до изборот на техничката влада во Парламентот. Џафери во интервју за ТВ Телма истакна дека тој отсекогаш се залагал за координација и непречена комуникација меѓу носителите на власта со цел непречено да се одвиваат процесите во државата. Според него, по денешнитеседници на Централниот и Извршниот одбор на СДСМ ќе се знае името на техничкиот премиер, а исто така и кандидатите од ВМРО-ДПМНЕ.