И извршителите на протест

Macedonia - Komora the perpetrators of the Republic of Macedonia.

Извршителите денеска протестираат со преки на работата, оти се незадоволни од новиот тарифник што го предлага Министерството за правда. Со новиот тарифник се предвидува намалување на наградата при извршување на парични побарувања од граѓани од 1.000 на 300 евра.

Од Комората на извршители велат дека со повторното намалување на тарифата извршителските канцеларии се доведуваат во ситуација да немаат пари.

Граѓани обединети во Иницијативата „Стоп за извршители“ веќе неколку месеци протестираа пред Министерството за правда. Револтирани од работата на извршителите, тие на протестите бараа запирање на блокирањето на сметките, ограничување на времетраењето на наплата на долгот и регулирање на застареноста на долговите.