ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ вршат масовна партизација и предизборен поткуп на гласачи со полнење на РЕК Битола со партиски вработени. Од партијата велат дека на 14 – ти декември оваа година на само 20 – тина дена пред техничка влада распишан е оглас за вработување на 194 луѓе во РЕК Битола.
Според партијата, мотивите на власта не се ништо друго, туку предизборен поткуп, а доказ за тоа е, како што велат и Стратегијата за развој на енергетиката за периодот од 2020-2040, со која се предвидува престанок на работата на РЕК Битола до 2025 година, која оваа власт ја предвидува.
Од АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола одговараат дека имаат потреба одработници на различни позиции и дека огласот за вработување следи затоа што во текот на 2019 година на 208 работници им престанал работниот однос по различни основи. Во најголем дел заради остварување на правото на пензија.
„Некоректно и тенденциозно е тврдењето дека се врши масовна партизација на РЕК Битола во услови кога се работи за едноставно пополнување на работни позиции од кои зависи производствениот процес и кога огласот беше јавен и транспарентен, согласно законските прописи“, стои од реакцијата од РЕК Битола.