Полициските „алфи“ престанаа да постојат

Полиција

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конференција потврди дека се спојуваат единицата за прв одговор „Алфа“ и единицата за Јавен ред и мир во посебна интервентна единица. Тој рече дека се прави нова реорганизација во МВР, а фузијата на двете единици е по примерот на повеќе европски земји, чија крајна цел е да има поголема видливост и активност на луѓето на терен. До петок ќе се знае кој ќе раководи со новата единица.

Единицата „Алфи“ беше формирани во 2005 година, со цел борба против уличниот криминал.