Парламентот ќе се распушти на 12 февруари ако работите се одвиваат како што е договорено и превремените избори со одржат на 12 април, бидјеќи се однапред ќе се знае и ќе биде договорено, а техничката Влада може да биде избрана истиот ден кога ќе биде констатирана оставката на актуелниот премер Зоран Заев, изјави претседателот на Собранието Талат Џафери во интервју за МИА.
„Тоа би можело да биде и на 3 јануари 2020 година, а од 4 јануари да започне да функционира новата преодна влада“, вели Џафери.
Лидерите на најголемите партии во октомври оваа година на лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски, се договорија да бидат одржани предвремени парламентарни избори на 12 април, но претходно да биде формирана техничка Влада според Пржинскиот модел, кој за прв пат беше применет во земјата за минатите парламентарни избори во 2016 година, по тогашните измени на Законот за Влада.
Според Пржинскиот модел, на 100 дена пред изборите актуелниот премиер треба да даде оставка и Собранието да избере нова техничка Влада за спроведуваење избори предводена од нов премиер предложен од најголемата партија од владејачкото мнозинство, а предвидено е да бидат избрани нови министри за внатрешни работи и труд и социјална политика по предлог на опозицијата. Пржинскиот модел исто така предвидува опозицијата да предложи и заменици министри за финасии, земјоделство и информатичко општество.