Претседателот на САД Доналд Трамп го потпиша Законот за овластување на националната одбрана 2020 (НДАА), кој содржи одредба со која им се воведуваат санкции на компаниите кои учествуваат во изградбата на рускиот гасовод „Северен тек 2“.
Трамп легислативата ја потпиша на 20 декември во воздушната база „Ендрјус“ во Мериленд. Оваа одредба бара бродовите што го поставуваат рускиот гасовод, да запрат со својата работа „веднаш“ или ќе се соочат со санкции, вклучително замрзнување на средства.
Проектот „Северен тек 2“ од 11 милијарди долари е само на неколку недели од неговото завршување, а аналитичарите се поделени за тоа дали со воведување на санкции во толку доцна фаза би можело да го запре проектот, кој ќе овозможи извоз на руски гас во земјите на ЕУ, а САД сметаат дека тоа ќе ја зајакне руската моќ на европскиот енергетски пазар.
„Алесас груп“ – компанија со седиште во Швајцарија која ги поставува последните сегменти на гасоводот долг 1.230 километри, соопшти дека ги запрела своите активности во очекување на донесувањето на законот.
Американскиот Конгрес минатата недела ги изгласа санкциите како дел од законот за воениот буџет, по што се чекаше потписот на Трамп. Против проектот „Северен тек 2“ се и демократите и републиканците.