Шилегов ја разреши директорката на гимназијата Никола Карев по заканите против учениците

Загаден воздух.

Средношколци денеска бојкотираа наставата во повеќе училишта во Скопје, но и во други градови во знак на протест поради загадувањето на воздухот, во пресрет на денешниот протест против загадувањето.

Средношколците со заштитни маски и транспаренти излегоа во училишните дворови со порака. „Нема воздух, нема мир!“.

Меѓу оние кои денеска ја бојкотираа наставата беа и учениците од средното училиште „Никола Карев“, а директорката таму им се закани дека ќе сносат последици за своите постапки.

Снимката со директорката беше објавена на социјалните мрежи, а на неа таа вели: „Само вие протестирате и нема настава. За последиците не ви гарантирам“. По објавата на снимката скопскиот градоначалник Петре Шилегов донесе решение за разрешување на директорката на гимназијата „Никола Карев“ Горица Илиовска.

За денеска во 17 часот пред Министерството за животна средина е закажан уште еден протестен марш против загадувањето – Марш за нашите животи! СТОП за 3.500 жртви од загадениот воздух!, кој ќе се одржи во организација на Зелен фронт, Зелена Револуција.