Ердоган најавува контрамерки за САД

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Анкара ќе одговори на евентуални американски санкции поради набавката на руски одбранбен систем, како и поради гасоводот Турски тек, кој ќе носи руски гас во Турција. Тој вели дека американските санкции се кршење на турските права. Турскиот претседател истакна дека договорот за купување руски систем С-400 е веќе завршен. Тој вели дека и тие ќе воведат санкции кон САД.

Американскиот Конгрес треба да усвои закон за одбрана, кој предвидува санкции за Турција поради набавката на руски противракетниот систем С-400.