Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинение против 11 лица за случајот „Шпански скали“. Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување, а едно од лицата е обвинето за несовесно работење во службата.
Првоообвинетиот, според соопштението, заедно со петмина административни службеници не иницирале постапка за раскинување на Договорите за оттуѓување на градежно земјиште и враќање на градежното земјиште во сопственост на државата, ниту наплатиле договорна казна со што овозможиле купувачите да се стекнат со противправна имотна корист. Обвинетите предизвикале штета на Буџетот од 2,6 милиони евра.
Меѓу осомничените во истрагата беа ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и Димитар Димовски, вработен во министерството за транспорт и член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ и Дејан Митревски претседател на општински комитет на партијатаво Аеродром.