Ова е најголемата победа на конзервативците, односно Ториевците на парламентарните избори од успехот на Маргарет Тачер во 1979 година.
Победата на, како што беа оценети, најважните избори во Британија во една генерација, на Борис Џонсон ќе му даде одврзани раце да го спроведе излегувањето на Британија од ЕУ кон крајот на јануари.
Џонсон водеше немилосрдна кампања со паролата: „Да го спроведеме Брегзитот“, ветувајќи дека ќе стави крај на повеќегодишните политички превирања за иднината на Британија, кои ја поделија нацијата.
„Изгледа дека на оваа еднонационална конзервативна влада и е даден моќен нов мандат за да го заврши Брегзитот“, рече Џонсон по изборите.
Со големо мнозинство пратеници, тој ќе може на време да го добие договорот за развод што го постигна со Брисел.
Ратификувањето на договорот ќе го официјализира крајот на скоро пет децениската интеграција на Британија во Европската унија и покрај тоа што обете страни сепак треба да постигнат нови договори за трговија и за безбедност.
За разлика од конзервативците изборите претставуваа катастрофа за најголемата опозициска Лабористичка партијакоја иманајлош резултат од 1935 година.
Лидерот на левицата Џереми Корбин ветуваше втор референдум за Брегзит, во обид да им се допадне на половина британски гласачи кои сè уште сакаат да останат во ЕУ.
Но, тој ја фокусира кампањата врз радикална програма за економски промени, вклучително и национализирање на клучните индустрии.
Ова ќе биде четврт последователен изборен пораз на Лабористите - втор под Корбин.
„Сакам јасно да кажам дека нема да ја водам партијата во ниту една идна генерална изборна кампања“, рече Корбин.
Џонсон вети дека неговиот план за Брегзит ќе го стави во парламентот пред Божиќ, иако најверојатно нема да биде ратификуван до јануари.
Потоа тој ќе има само 11 месеци да договори ново партнерство со ЕУ пред да заврши периодот на транзиција во декември 2020 година.
Но, со удобно мнозинство во парламентот, аналитичарите забележуваат дека тој би можел да избере да го продолжи тоа време и да преговара за подобар трговски договор од претходно предвиденото.
Или како што велат иронијата е во тоа што Џонсон сега има одврзани раце да преговара за помека верзија на Бргзитот.