Шефовите на држави или влади на Европската унија за шест месеци ги продолжија економските санкции врз Русија воведени во 2014 година, по руската анексија на Крим. Одлуката е донесена на самитот на ЕУ во Брисел, неколку денови по состанокот во Париз за повторно воспоставување мир во Украина на кој беа претседателите наУкраина и на Русија и лидерите на Франција и Германија. Санкциите се однесуваат на секторот нафта, одбрана и банки.