Европската унија одговори на француското вето за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Унијата вчера соопшти дека во јануари ќе предложи нов процес за прием на членки. „Ревидираната методологија за преговорите за проширување е со цел пристапните преговори да бидат кредибилни и предвидливи за сите страни“, изјави еврокомесарот за проширување Оливер Вархељи. До ова доаѓа откако Франција, поддржана од Данска и Холандија, контроверзно го блокираше ветеното отворање на преговорите за пристап со Албанија и Северна Македонија.