Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта за незаконско уништување на половина тон инсулин.Марија Андова од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција изјави дека во инсулинскиот скандал се вклучени министерот за здравство Венко Филипче, Агенцијата за лекови и медицински помагала, дирекцијата се стокови резерви, а скандалот е с остои во тоа што пред два дена е уништен инсулин чиј рок за користење е се уште ипотреблив.
„Имено согласно информациите до кој дојдовме на 5 декември, пред два дена е извршено уништување на над 1 тон и 200 килограми инсулин, од кој речиси половина тон од инсулинот кој е уништен, а чија што пазарна вредност може да достигне од 1.5 милиони евра е со валиден рок на употреба до месец јуни наредната година“ изјави Андоновска.
ВМРО-ДПМНЕ прашува дали целта на уништувањето на употребливиот инсулин е за да се обезбеди нов милионски тендер за власта.