Приведени дел од инволвираните во пукањето во „Александар Палас“

Полиција

Во координирана полициска акција на неколку локации низ Скопје се приведени десетина мажи, соопшти полицијата. Дел од лицата кои биле уапсени во денешната акција на МВР се поврзани со пукањето кое пред некое време се случи во хотелот „Александар Палас" во Скопје, потврди началничката Сузана Талеска.

Полицијата денеска направие претреси во 34 домови на 32 лица при што запленила десетина возила, компјутери, како и оружје и муниција. Претресите биле направени во скопските населби Бутел, Чаир, Студеничани, Бардовци, Центар, Ченто, Арачиново и Грчец, соопшти МВР. Приведените се товарат за загрозување на општа безбедност и трговија со дрога и оружје.