Во полициска акција во Грчец и Арачиново неколкумина приведени

Во општините Арачиново и Сарај, односно селото Грчец денеска беше спроведена голема полициска акција во која се приведени неколкумина, велат полициски извори за Радио Слободна Европа. Кои се причините за акцијата како и детали од неа од МВР најавија подоцна во текот на денот, откако ќе заврши целата акција. Во јавноста оваа полициска акција се поврзува со вооружена пресметка што се случи неодамна во хотелот „Александар Палас“.

Според последните информации за тој инцидент четворица мажи добија кривични пријави од Основното јавно обвинителство.