Укажувањата на Венецијанската комисија за Законот за употребата на јазиците ќе ги испочитуваме и ќе се даде конкретно ревидирање од надлежното Министерство за правда, и потоа ќе се прати во Парламентот за негово донесување, изјави премиерот Зоран Заев при денешната посета во Прилеп, откако вчера Комисија ги објави забелешките во врска со Законот за јазици.
„Во разговорите учествуваа Министерството за правда, потпретседателот на Владата за европски прашања, мојот кабинет, одржавме неколку состаноци, неодамна беше и генералниот секретар
на Венецијанската комисија, така што, сме усогласени“, рече Заев.
Измените ќе ги изготви Министерството за правда, по што ќе бидат уште еднаш испратени до Венецијанската комисија, па потоа ќе бидат пратени во Парламентот, рече Заев.