Српската армија на свечена церемонија на воениот аеродром во Белград денеска ги презентираше нови хеликоптери купени во Русија. Српскиот претседател Александар Вучиќ кој присуствуваше на церемонијата изјави дека со нив „значително се зголемени перформансите и можностите на Војската“. Тој истакна дека хеликоптери Ми-35, Х145М и Ми-17 се набавени затоа што „значително е подобрена состојбата“ во државниот буџет и дека се набавени „со значителен попуст и олеснувања“ што руската страна и ги даде на Србија.
Русија ги испорача хеликоптерите неколку месеци пред истекот на рокот, а беа донесени во Белград со карго-авион на руската армија два дена пред средбата на српскиот претседател Александар Вучиќ со рускиот претседател Владимир Путин во Сочи на 4 декември.