Русија прогласи за персона-нон-грата бугарски дипломат. Тој работел во Амбасадата на Бугарија во Русија и е со ранг како и рускиот дипломат во Софија кој беше прогласен за персона-нон-грата во крајот на октомври. Одлуката на Москва е врз основа на реципрочност. Амбасадата на Бугарија во Москва била информирана дека дипломатот мора да ја напушти Русија во наредните 23 часа.
Бугарија го прогласи за непожелна личност рускиот дипломат Владимир Русијаев. Обвинителството соопшти дека првиот секретар на руската Амбасада во Софија е под истрага за шпионажа. Фактите се потврдени, но обвинението не може да се покрене бидејќи дипломатот е со имунитет.