Пратеникот на државниот секретар на САД за западен Балкан Метју Палмер во Сараево изјави дека Западен Балкан и натаму приоритет на американската надворешна политика и оти Вашингтон сака земјите од регионот да гледаат во САД и ЕУ како на „партнери кои сами ги избрале“. Тој додаде дека САД сакаат Западен Балкан да стане дел од фамилијата европски земји и дека за таа цел вложуваат значаен политички и друг капитал. „Мислам дека за сите во Западен балкан сме подобар пратнер од Русија и ќе направиме се тоа јасно да им го кажеме на лидерите и на граѓаните во регионот“, рече Палмер.