РСЕ: Со новиот закон во Русија се прави притисок врз новинарите

Претседателот на РФЕ/РЛ Џејми Флај.

Амандманот на законот за странски агенти кој беше потпишан од рускиот претседател Владимир Путин го зголемува притисокот врз стотина соработници на Радио Слободна Европа во Русија кои често се единствен извор на веродостојни информации во своите региони и овозможуваат алтернатива на вестите контролирани од Кремљ.

Законот кој беше потпишан на втори декември им дава можност на властите да ги обележат новинарите кои работат за медиуми финансирани од странство, како странски агенти. Девет платформи на Радио Слободна Европа веќе се назначени како странски агентури. Ова е резултат на законот кој беше усвоени во 2017 година и со кој се сместија и медиумските организации во законот донесен претходно во 2012 година и со кој се предвидува сите невладини организации кои земаат пари од странство да се сметаат за странски агентури.

„РФЕ/РЛ работи со стотици руски соработници низ земјата кои се борат за важни прашања игнорирани од државните медиуми, но кои, според овој закон, сега апсурдно ќе се сметаат за странски агенти“, вели претседателот на РФЕ/РЛ Џејми Флај.