Столтенберг - Членството на С. Македонија во НАТО е добро за целиот регион

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг го поздрави учеството на македонската делегација на денешниот Самит на Алијансата во Лондон и порача дека членството на земјата е позитивен чекор за целиот регион.
Тој додаде дека членството на земјата е знак оти вратите на Алијансата остануваат отворени и за други земји во иднина.

„Членството на Северна Македонија е добро не само за земјата, туку и за регионот, тоа ќе покаже дека НАТО ја остварува политиката на отворени врати“, рече генералниот секретар на Алијансата.

Северна Македонија денеска за прв учествуваше како де факто членка на еден Самит на НАТО. Формално останува пристапниот Протокол за НАТО да биде ратификуван од страна на Шпанија и потоа во Парламентот во Скопје.