Северна Македонија на самитот на НАТО
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Во Лондон започна состанокот на Северноатлантскиот совет, на кој учествуваат шефови на држави или на влади на земјите членки на НАТО, меѓу кои и премиерот Зоран Заев. Северна Македонија се очекува наскоро и официјално да биде 30 членка на Алијансата.
Протоколот за членство досега го ратификуваа 28 членки на НАТО, а преостанува тоа да го стори уште Шпанија.
– Скорешното полноправно членство во НАТО е реализација на стратешката цел на нашата земја зацртана со консензус во 1993 година и овозможува идеални услови за зајакнат и забрзан економски развој, се додава во соопштението.