Владата ги прифaти седумте барања на „Марш за чист воздух“

Аерозагадување во Скопје

Владата ги прифаќа сите седум првични барања од организаторите на „Марш за чист воздух“, што тие ги поставија минатиот петок на протест како услов за да одат на средба со владини претставници. Владата очекува по прифаќањето на барањата да се сретне со организаторите на маршот.

Организаторите на маршот минатиот петок побараа: Указ за итно носење ДУП за Вардариште, Обвинителството да отвори истрага за ОХИС и за палењето кабли во Скопје, да се усвојат измени на Законот за животна средина со кои се идентификуваат и уредува постапувањето со контаминирани подрачја, да се одземе концесијата на „Еуромакс“ за рудникот Иловица-Штука и да се одземе истечената концесија за експлоатација за рудникот Плавица.