Уставниот суд го одложи одлучувањето за помилувањето

Уставен суд на седница за Законот за амнестија

Уставниот суд , на предлог на судијата Осман Кадриу, со мнозинство гласови одлучи да го одложи одлучувањето по Нацрт-решението за Законот за дополнување на Законот за помилување, за кој минатата недела поведе постапка.

Решението со кое се поведува постапка за Законот за помилување, како што рече Кадриу, има допирни точки со некои денешни предмети кои се на разгледување пред Уставниот суд.

„Судот е известен дека пред Парламентот се води постапка за автентично толкување на овие членови од Законот за помилување“, рече Кадриу.

Вчера Владата го испратила до Собранието мислењето за автентично толкување на член 11 од Законот за помилување, а собранискиот спикер Талат Џафери го доставил до претседателката на Законодавно правната комисија Соња Мираковска.