НАТО лидерите денеска за сегашните и идните предизвици

Ватфорд

Лидерите на НАТО денеска на вториот ден од нивниот состанок во близина на Лондон ќе расправаат за заканите со кои се соочува Алијансата, но и за разликите и поделбите во врска со идната стратегија. Лидерите ќе се сретнат во луксузниот голф ресорт во Ватфорд, 25 километри северозападно од Лондон на тричасовни официјални разговори. Самитот започна вчера со прием кај кралицата Елизабета Втора. Претходно неколкумина лидери одржаа билатерални средби. 29 земји членки треба да официјализираат околу 50 одлуки со цел адаптирање на НАТО во новата глобална безебедносна околина. Меѓу другото ќе биде усвоена и декларација дека наскоро Северна Македонија треба да биде 30 членка на НАТО.