Дефект на трафо-станица причина за прекинот на струја во повеќе скопски населби

Илустрација.

Скопските населби Карпош, Тафталиџе, Капиштец, и дел од Центар денеска во неколку наврати немаа струја, а ова се случуваше и во текот на вчерашниот ден.

Од ЕВН објаснуваат дека една од причинте за дефектот е преоптовареноста на мрежата од греењето на дел од домаќинствата на струја, но и градежните активности кои се одвиваат на одделни места.

Проблемот настанал со 110 киловолтен далековод Скопје – Запад, поради што и други делови останале без струја.

Од ЕВН уверуваат дека засега нема опасност од нови прекини во снабдувањето со електрична енергија.