Продолжи рочиштето за случајот „Рекет“, по паузата која беше дадена за да се утврди здравствена состојба на првообвинетиот Бојан Јовановски, Боки 13. Беше повикан лекар за да се утврди дали тој може активно да ја следи главната расправа. По прегледот, лекарот утврди дека се работело за стрес, а Јовановски доби дијазепам.
Јовановски и неговата одбрана тврдеа дека поради неговата состојба активно не може да учествува во процесот. Тие велат дека не сакаат да го одолговлекуваат судењето, но Боки 13 не се чувствувал добро и 10 пати повраќал од сабајле.
Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милески се обвинети за примање награда за противзаконито влијание, а Јанева дополнително за злоупотреба на службената должност, додека Јовановски е обвинет и за перење пари и други приноси од казниво дело