Голема загаденост со концентрации на ПМ10 честичките и над 200 микрограми на метар кубен од ноќеска регистрираат мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање. Највисоката вредност е регистрирана кај Ректорат од 301 микрограми во 02 часот по полноќ.
Мерењата кај Ректорат се уште покажуваат високи концентрации над дозволеното. Последното мерење e од 09 часот кога биле изметени 153 микрограми.
Загаден воздухот бил и во Карпош, Гази Баба, Ѓорче Петров.
Препораки за заштита на населението се упатуваат во случај кога загадувањето ќе надмине концентрации на ПM10 над 100 во два последователни дена.