Од Уставен суд реагираат на, како што велат обидите за нивно омаловажување. Во соопштението од Судот се наведува дека таквите обиди за омаловажување со прејудицирања на судските одлуки, со политички, а не со правни аргументи, не се во интерес на напорите за изградба на владеење на правото и правната држава.
Од Судот информираат и дека донеле решение за поведување на постапка за оспорениот член 11-а од Законот за помилување.
Уставниот суд, како што посочуваат оттаму, со внимание ги следеше написите, коментарите, изјавите на претставници на одредени државни органи, дел од медиумите и поедини експерти во кои беа изнесени невистини, обиди за прејудицирање на одлуките на Уставниот суд и невистинито информирање за исходот на гласањето, но и необјективни и нестручни коментари.
Судот смета дека со коментарите и прејудицирањата, се врши директен упад и притисок за нормално функционирање на Судот и неосновано се повредува угледот на Судот и честа и личноста на уставните судии.