Администрацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека датумот кога ќе купат дополнителни ракетни системи С-400 од Русија е само техничка работа.
Русија се надева дека ќе склучи договор со Турција за купување нови системи С-400 во првата половина на следната година, изјави минатиот месец, шефот на рускиот државен извозник на оружје Рособоронекспорт.
Тоа би можело дополнително да ги влоши односите меѓу Турција и САД. Вашингтон ја суспендираше Анкара од програмата за купување борбени авиони Ф-35 за да се казни заради купувањето ракетни системи од Русија.