Помпео: депониран протокол на САД за членство на С. Македонија во НАТО

државниот секретар Мајк Помпео

САД го депонираа ратификуваниот протокол за членство на Северна Македонија во НАТО, објави државниот секретар Мајк Помпео на неговата страница на Твитер. „Со задоволство ви соопштувам дека САД го депонираа ратификуваниот протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО. Еден чекор поблиску до прифаќање на Северна Македонија како 30-ти сојузник на НАТО“, објави шефот на американската дипломатија. Американскиот Сенат го ратификува протоколот за членство на земјава во Алијансата на 22 октомври годинава. Од полноправното членство во НАТО, Северна Македонија ја дели само една ратификација, со оглед дека за десет месеци протоколот за пристапување во НАТО е ратификуван од 28 од вкупно 29 членки. Се очекува и на Самитот на НАТО што ќе се одржи утре и задутре во Лондон, во завршната декларација да биде забележано дека земјата е добродојдена како 30 членка.