Училишта и универзитети се затворени во некои делови од Иран, како и во главниот град Техеран поради високото ниво на загаденост на воздухот. Одлуката била донесена на вчерашниот состанок на комитетот за итни ситуации.
Младите и возрасните лица со респираторни проблеми биле предупредени да не ги напуштаат своите домови, а суспендирани се и сите спортски активности. Од средината на ноември во Техеран постојано е забележана висока загаденост на воздухот и смог.