Генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ Игор Јанушев го повика почесниот претседател на оваа партија и екс премиер Никола Груевски да се врати. Јанушев ова го изјави во синоќешниот телевизиски дуел со потпретседателот на владејачкиот СДСМ Дамјан Манчевски. На прашањето на Манчевски дали ВМРО ДПМНЕ се залага Груевски да се врати во земјата изјави Јанушев рече дека јавно го повикуваат да се врати во државата. На инистирањето на Манчевски да каже дали во ВМРО ДПМНЕ се залагаат Груевски да се врати и да ја одлежи казната Јанушев рече: „да, еве јавно го повикуваме“. Груевски во ноември лани за да ја избегне двегодишната затворска казна, побегна во Унгарија каде што доби политички азил.