Поранешниот главен извршен директор во „Т-мобиле“, Жарко Луковски, починал денеска во Скопје.
Бизнисменот Луковски беше и меѓу обвинетите од Специјалното јавно обвинителство, во случајот “Базни станици”, кој го водеше обвинителката Лиле Стефанова, каде што беше осомничен за злоупотреба на над 3,5 милиони евра во корист на Бетон АД Скопје, а на штета на акционерите на „Т-мобиле“ , меѓу кои и државата.
Тој меѓудругото беше сведок во Обвинителството за гонење организиран криминал за случајот „Рекет“.Неговото име беше спомнато во разговорите што ги објави италијанскиот весник „Ла верита“, а на снимката се слуша како Бојан Јовановски во разговор со Орце Камчев, вели дека „Луковски завршил работа за случајот со базните станици – и во СЈО и во Владата“.