Фетаи - Бонусите ги испитуваат со брзина на светлината

Обвинителката Фатиме Фетаи

Обвинителката Фатиме Фетаи вели дека институциите со брзина на светлината сега испитуваат за земените бонуси во СЈО. Таа вели дека сè ќе било поинаку доколку на ист начин се постапувало и во другите истраги. Фетаи вели дека обвинителите во СЈО земале месечна плата од 1.200 евра, а за бонусите рече дека сето тоа е опфатено со Законот за Специјално јавно обвинителство.

Фетаи денеска пред рочиштето за случајот Монструм рече дека предметите кои се во фаза на истрага седат во кутии и обвинителите наместо да си ја работат работата станале магационери и архивари, а поради тоа некои лица наместо да седат во обвинителна клупа, делат правни совети. Таа рече дека конкретно зборува за случајот „Моќник“ и осомничениот Антонијо Милошоски.

За вчерашната посета на истражители на ОЈО на СЈО, Фетаи рече дека станувало збор за собирање на документи, не за претрес.