ЕУ мобилизира тимови за помош по земјотресот во Албанија. Од Канцеларијата на ЕУ во Тирана соопштија дека е мобилизиран Европскиот механизам за цивилна заштита за помош на Албанија во справување со последиците од силниот земјотрес.
Тие нагласуваат дека се достапни и дополнителни средства од ЕУ. „Тимови од Италија, Грција и Романија веќе се во Албанија, а помош понудија и Унгарија, Германија, Хрватска, Франција, Естонија и Чешка“, се вели во соопштението.