Истражители по налог на Јавното обвинителство се во просториите на СЈО за да обезбедат финансиски документи, потврдуваат од Обвинителството за МИА. Оттаму посочуваат дека станува збор за претходна постапка.
Официјалните информации од базата „Отворени финансии“ покажаа дека поранешната специјална обвинителка Катица Јанева за време на својот мандат, зела вкупно 157.000 евра надвор од редовната плата како додаток за доверливост – да не открива што чула во „бомбите“, а земала и надоместоци за кирија и за тоа што работела вон градот во кој живее. Надоместоци во илјадници евра земале и други обвинители од СЈО.
Поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева е обвинета во случајот Рекет. Таа од пред една недела е во домашен притвор, а судењето за случајот треба да започне на 3 декември.