Загинати и повредени во земјотресот во Албанија

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Жртви и штети од силниот земјотрес во Албанија

Американскиот Геолошки институт соопшти дека земјотресот бил со епицентар на 30 километри северозападно од главниот град Тирана и на длабочина од 10 километри.

Неколку минути по овој потрес е регистриран уште еден земјотрес со сила од 5,3 степени.

Земјотресот бил почувствуван по должината на албанскиот брег.

По силниот земјотрес во Албанија

Голем број луѓе јавиле дека земјотресот предизвикал штети во нивните домови и оти биле принудени панично да ги напуштаат домовите и да одат на отворени места.

Видео-снимките објавени на социјалните медиуми покажуваат една урната зграда во Драч, на 40 километри западно од Тирана, на јадранскиот брег.

На други снимки се прикажани згради со големи пукнатини.

Локалните медиуми објавија и снимки на ресторан во Драч кој бил уништен од земјотресот.

Поширокото подрачје на Драч останал без струја.

Од албанската влада е соопштено дека најголеми штети на зградите имало во Драч и оти неколку лица биле однесени во болница во Тирана.

Ова е втор силен земјотрес за два месеца што ги принудува граѓаните на Тирана и на други места да ги напуштат домовите.

Земјотрес со сила од 5,6 степени ја погоди Албанија на 21 септември при што беа оштетени 500 куќи.

Овој земјотрес, според албанските власти, бил најсилниот земјотрес во изминативе 30 години.

Според податоците на Американскиот геолошки институт, во текот на изминатите 20 години Албанија била погодена од само уште еден земјотрес со сила од над шест степен.

Тоа било во 2003 година, кога потрес од 6,3 степени ја погоди областа на албанската граница со Грција.

Денешниот земјотрес беше почувствуван и во Македонија, Црна Гора, Италија и Грција.