Кинеската влада на крајниот запад на земјата затворила над милион Ујгури и други етнички малцинства, повечето муслимански во кампови кои служат како тајни центри за принудно превоспитување, покажуваат доверливи документи на кинеската влада. Додека Пекинг тврди дека станува збор за доброволни центри за работа, откриените тајни документи фрлаат друга светлина и укажуваат дека станува збор за кампови чии затвореници се присилени да се откажат од јазикот и верата и се изложени на политичка индоктринација.