Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата бара итно формирање на Анкетна комисија која ќе го претресе работењето на институцијата која расипнички потроши десетина милиони евра. Јавноста мора да дознае како, за што и на кој начин Катица Јанева ги трошеше државните пари изминатите години, се вели во соопштението до јавноста од пратеничкта група на ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ има поднесено предлог за основање на Анкетна комисија, но истата сеуште не се става на дневен ред со што се блокира нејзиното создавање. Анкетната комисија треба да даде институционален одговор на тоа колкава штета е направена на буџетот, кој се имал незаконски приходи и колкави пари се одлевани за незаконски вештачења кои после биле и уште се користени во судски постапки. Исто така комисијата треба да го расфетли и непотизмот кој што владеел во СЈО и начинот на кој што се вработувале луѓе со институцијата“, се наведува во соопштението од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Пратениците од опозицијата потсетуваат дека СЈО ќе биде запаметено како институција која служи на СДСМ за уцена на политичари и рекетирање на бизнисмени.