Словенечкиот претседател Борут Пахор на денешната средба со македонскиот претседател Стево Пендаровски во Нови Сад, ги повторил заложбите на Словенија за отпочнување на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија.
Како што соопшти претседателскиот кабинет, на средбата било оценето дека двете земји имаат одлични односи кои се карактеризираат со пријателство и меѓусебно разбирање, а биле разменети и мислења за можностите за понатамошно унапредување и збогатување на соработката во повеќе области од взаемен интерес.
„Пендаровски се заблагодари за отворената и конструктивна поддршка од Словенија за аспирациите на нашата земја за членство во ЕУ и во НАТО, што беше потврдена со ратификацијата на Протоколот за членство на Северна Македонија воНАТО, како и постојаната поддршка во рамките на Европската Унија“, се наведува во соопштението.
Пендаровски и Пахор остварија средба во рамките четвртиот Регионален младински форум во Нови Сад.