Промени во правосудството на „брза лента“

ЕУ бара прво да се осмисли ветингот во судството, па да се спроведе, гледајќи го искуството на Албанија каде беа испразнети повеќе од 200 места кои не можеа потоа да се пополнат, изјави премиерот Зоран Заев.

На прашањето дали ЕУ се противела на ветингот во судството, тој појасни дека аргументите на Брисел биле дека треба да се оди на индивидуална одговорност, и дека нема капацитет – ресурсен центар кој при евентуален ветинг би ги надополнил испразнентите места.

„Преговараме со ЕУ и сакаме да постигнеме т.н. „брза лента“ која ќе ни даде можност сите правници со над пет години работно искуство, алудирајќи пред се на стручните соработници во обвинителствата и во судовите, адвокати но и други правници кои имаат веќе практично искуство да можат три до четири месеци да одат на тестирање, да го полагаат испитот и да можат да бидат идни јавни обвинители и судии“, вели тој.

Премиерот вели дека во процесот на ветинг не може да учествуваат политичарите.