Сведок во „Таргет-Тврдина“ - Тројца луѓе имаа пристап до прислушуваните разговори

Архивска фотографија - Сашо Мијалков во суд за Таргет - Тврдина

Пристап до прислушуваните броеви имаа тогашниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков, тогашниот началник на Петтата управа на МВР Горан Грујевски и Надица Николиќ, вработена во УБК, рече на денешното судење за случајот „Таргет-Тврдина“, сведокот Марјан Јанкуловски, поранешен вработен во УБК. Тие имале можност да ги видат броевите, да ги прислушуваат разговорите и да ги читаат СМС пораките. Сведокот „режел” цедеа со снимените разговори од кои дел биле со судски наредби, а дел без. Тие без судска наредба и ги предавал на Надица Николиќ, а само еднаш имал барање од Горан Грујевски да му сними цедеа со разговори од Зоран Заев.

Сведокот рече дека од Звонко Костовски никогаш не добил налог на ливче или усно, да маркира некој број, а од Надица Николиќ добивал наредба да им додели на репродуцерите, кој од нив, кој број да го слуша.

Сведокот рече дека учествувал и во комисијата за уништување на опрема за прислушување. Тој вели дека од Никола Бошковски добивале наредби каде да се уништи опремата, а на уништувањето присуствувале и Тони Јакимовски и Горан Грујовски.

Уништувањето на опремата било снимено со камера. Сведокот бил еднаш на уништување на опремата, но дел од комисијата била уште еднаш да за се доуништи.


Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.