Пратениците во Собранието денеска ќе ја продолжат 116-та седница на која се расправа по Предлог-законот за гаранција од државата за Договор за заем од 179 милиони долари за дополнително финансирање на автопат Кичево – Охрид што ќе се склучи меѓу Експорт-импорт банката на Кина и Јавното претпријатие за државни патишта.
Заемот ќе биде доделен со рок на отплата од 20 години и вклучен грејс период од пет години. Каматната стапка е фиксна и ќе изнесува два процента на годишно ниво за целото времетраење на заемот.
Пратениците од власта и од опозицијата вчера настапија со меѓусебни обвинувања за како што велат, наводен криминал во однос на договорите за кредитирање на овој проект.