Пакистански активист за човекови права кој работеше на случаи поврзани со кршење на човековите права, е исчезнат повеќе од една недела. Идрис Хатак исчезна минатата недела додека патувал заедно со неговиот возач во областа Сваб во провинцијата Кибер Паштунхва, соопшти денеска неговото семејство.
Комисијата за човекови права на Пакистан (ХРЦП) изрази загриженост, посочувајќи дека станува збор за „можно присилно исчезнување.“
„Досега помина една недела откако беше киднапиран бранителот на човековите права и политички активист Идриз Хатак, наводно од неидентификувани лица во областа Сваб“, соопштија од ХРЦП.
Хатак е жител на областа Ноушера во северозападен Пакистан, кој соработуваше со „Хјуман рајтс воч“ и „Амнести интернешнал.“
Засега нема коментари од пакистанските власти, но пратеникот Икбал Африди од владејачката пакистанска партија „Техрик е-Талибан“ за РСЕ изјави дека пакистанските безбедносни сили „никогаш не собираат луѓе без причина“, додавајќи оти Хатак веројатно ќе биде ослободен доколку против него нема обвиненија.