Поранешната специјална обвинителка, а сега осомничена во случајот „Рекет“, Катица Јанева, доцна попладне, беше пренесена од затворот „Скопје“ во домашен притвор. Таа, со целосно покриено лице, не одговараше на новинарските орашања. На ова му претходеше одлука на Апелацискиот суд во Скопје, кој ја уважи жалбата на Јанева и ѝ одреди мерка куќен притвор.
„Преиначено е првостепеното решение и одредена е мерка куќен притвор, заедно со мерки за претпазливост. Лекарската документација укажува дека и со мерката куќен притвор може да се обезбеди присуството на Јанева“, изјавија од Апелацискиот суд за МИА.
Јанева беше уапсена како осомничена за случајот „Рекет“ на 21 август годинава, по што судот и одреди мерка притвор.