Шведското обвинителство ја прекина истрагата за обвинувањата за силување против основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.
Асанж кој ги негира обвинувањата, седум години ја избегнуваше екстрадиција во Шведска, откако побара прибежиште во амбасадата на Еквадор во Лондон во 2012.
Асанж претходно годинава беше протеран од амбасадата, а веднаш потоа и осуден на 50 недели затвор затоа што ги прекршил условите пропишани со кауцијата во 2012.
Тој во моментот се наоѓа во притвор во Лондон.
Асанж се соочува и со обвиненија во САД за објавување тајни документи.