Уште една промена на политиката на САД спрема Блискиот исток

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

САД ја омекнуваат позицијата за израелските населби

Соединетите држави го поддржаа правото на Израел да гради еврејски населби на окупираниот Западен Брег напуштајќи ја својата четиридецениска позиција дека тие биле „во спротивност со меѓународното право“. Ова, како што оценуваат посматрачите, е најнов во низата потези на администрацијата на претседателот Доналд Трамп за ослабување на палестинските стрежеми кон државност.

„Адимистрацијата на Трамп го менува пристапот на администрацијата на Обама спрема израелските населби“, рече американскиот државен секретар Мајк Помпео во понеделникот, наведувајќи дека Соединетите држави повеќе нема да ги гледаат израелските населби во окупираниот Западен Брег како нелегални според меѓународното право.

Станува збор за драматична смена што гиприближува ставовите на владата на Доналд Трамп поблизу до оние на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Новата позиција ги придвижува Соединетите држави уште подалеку од меѓународниот став што ги смета населбите како нелегални и пречка за мирот.

„Основањето на израелски цивилни населби во Западниот Брег не е во спротивност со меѓународното право“, прецизира Помпео.

Повеќе од 400.000 Израелци сега живеат во околу 120 населби изградени во делови од Западниот брег на реката Јордан, освоени во војната во 1967 година.

24 годишниот Рафаел Морис живее во една таква населба.

„Тоа е наша земја. Целата земја на Израел е наша земја и ние треба да градиме тука нови села, а не Арапите“.

Таа земја е исто така дом на над 2,8 милиони Палестинци кои Западниот брег го гледаат како дел од идна независна држава.

64 годишниот земјоделец Мохамед Авад вели:

„Невозможно е да се има мир затоа што главниот конфликт меѓу нас е парчето земја што тие го зедоа со сила, па како можам да дозволам некој да ја украде мојата земја, да живее во неа и да ужива во неа, и да живеам во мир со него? Но, најсилниот победува“.

Продолжувањето на изградбата на еврејските населби предизвика насилни судири во минатиот месец.

Членот 49 од Женевската конвенција забранува окупаторска сила да пренесува делови од своето население на заробена територија.

И палестинските претставници и активисти за мир долго време се обидоа да го искористат меѓународното право како противтежа на де-факто израелската воена доминација.

Овој потег беше поздравен од Нетанјаху, кој ја пофали изјавата на Помпео, велејќи дека со тоа се исправа една историска грешка.

Трамп ја пресели американската амбасада во Ерусалим, ја призна анексијата на Израел на окупираните Голанска висорамнина и ја намали меѓународната помош за Палестинците.