Антикорупциската комисија донесе иницијатива со која од премиерот ќе се бара да поведе постапка против вицепремиерот Кочо Анѓушев за владината одлука да се намали царината на литиумските батерии за акумулатори.
Анѓушев, кој има бизнис со акумулатори, присуствувал на седницата на која била усвоена одлуката и не се изземал од вториот дел на постапката, односно учествувал во расправата и давал предлози, велат од Антикорупциска.
Комисијата утврдила судир на интереси. За одуката на ДКСК гласале четворица членови, двајца биле против. Предметот го поднел анонимен доставувач.